0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Сугарески: Регионалниот пат Прилеп-Битола од идната недела ќе биде пуштен во сообраќај

Според динамиката на градежните работи, наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп – Битола и во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Младеновски беше на увид на градежните работи.

– Се асфалтира и очекуваме во најбрз временски рок, веќе од наредната недела, овој дел на патниот правец Прилеп-Битола да биде пуштен во сообраќај. Ова е исклучително важен дел кој се прави за развој на локалната економија, па и за целиот Пелагониски регион, изјави Сугарески.

Неколкумесечното доцнење е од објективни причини, потенцираше директорот на ТИРЗ Александар Младеновски.
– Доцнењето на работите од шест месеци е од објективни причини: дислокација на кабелот со ЕВН и од други непредвидени, објективни причини. Изградбата на клучката кај технолошко-развојната зона Алинци е инвестиција од 254 милиона денари или околу четири милиона евра. Инаку, овде при крај е изведбата на водоводот, а во внатрешната инфраструктура на зоната се инвестирани дополнителни 50-ина милиони денари, рече Младеновски .
Сугаревски нагласи сека овој месец градежните работи во Пелагониски-прилепски регион е во голема офанзива.

-Се работи и на реконструкцијата на делницата Фариш-Дреново на патот Градско-Прилеп и очекуваме тој дел доколку временските услови дозволат, веќе во наредната недела да заврши гребењето на стариот и да почне асфалтирањето со нов слој асфалт на тие 10-ина километри. Го очекуваме распишувањето на тендерот за делницата од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри. За останатите четири километри од оваа делница ќе има проектирање со две ленти и патот ќе се проширува со уште една, рече Сугарески.

Освен на овој патен правец се работи и на реконструкција на локални патишта. Во тек е отстанувањето на стариот асфалт на патниот правец до Витолиште, Мариово, кој што ќе биде обложен со нов слој асфалт.

– Продолжуваат работите и на регионалниот пат од Битола, преку Тополчани до Прилеп, а ќе се асфалтира и регионалниот пат Кадино Село-Галичани. Освен тоа, за локалните патишта и улици во Прилеп, од Министерството се определени еден милион и 250 000 евра. Што се однесува до комуналната инфраструктура, дел проекти се завршени, а сега преку Министерството ќе се работи на пречистителна станица за Мало Коњари.

Според Сугарески сите овие градежни активности се во согласност на предвидените планови.

Би можело да ве интересира

Рекордни 70 точки на дневниот ред на 20 тата седница од Советот на Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Советот на општина Крушево ја одржа 61 та седница

Гордана Цветаноска

Најдолгото македонско оро се одигра во Австралија (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе