0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Претседателот Пендаровски : Прогласувам вонредна состојба во наредните 30 дена (ВИДЕО)

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна сосотјба , откако од Собранието го доби предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба на целата територија на државата.

Пендаровски апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита. Тој им се заблагодари на сите вклучени во заштитата против коронавирусот.

Апелира до сите да бидат смирени , солидарни , за да може да ја пребродиме оваа тешка ситуација.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

„Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика.

Во овој момент штетите за фирмите се огромни, Владата мора да понуди помош и поддршка. Како држава и граѓани не очекуваат тешки денови , но како претседател немам никаква дилема во одлуките кои ги носам. Со оглед на зголемените овластување очекувам Владата и сите инволвирани институции да информираат за сите активности кои ги преземаат. Лидерите даваат поддршка за прогласување на вонредна состојба. Владата ќе продолжи да опстојува како техничка, и сите политички партии ќе работат за заштита на здравјето на граѓаните. Најавените избори се откажуваат. Парламентарните избори ќе бидат закажани дури кога ќе се создадат услови за тоа. Сега е најскапоцено да го заштитиме животот на сите. Бидете дисциплинирани и одговорни пред себе и своите најблиски. Не излегувајте од дома без позначајна потреба. Благодарам на сите доктори, полицајци, војници, волонтери… кои вложуваат натчовечки напори за заштита на здравјето на граѓаните. Испраќам порака до сите граѓани и апелирам дека најпаметно е да останете каде што сте. Дома сте добредојдени, и ако решите да се вратите тогаш ќе мора да ги почитувате сите мерки. Апелирам до сите да бидеме смирени и одговорни и солидарни еден кон друг. Ако се држиме заедно сигурно ќе ја победиме оваа заедничка ситуација”, рече Пендаровски.

Воведување вонредна состојба побара Владата, а со таков став претходно излегоа и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Втора јавна трибина во Општина Кривогаштани

Гордана Цветаноска

РК Прилеп и со половина сили „ја прегази“ Јахона (40:17)

Пела Редакција

Комфи Ангел повторно подарува насмевки…

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе