0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепчани во исчекување на резултатите од Инситутот за јавно здравје

„Сеуште немаме готови резултати од Институтот на јавно здравје -Скопје“ – ,писмено одговори  директорот на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп , Драгица Николовска

А,како дошло до настанатата ситуација, родителите да се заболат од КОВИД-19  од синот и зошто тој не отишол да направи тестирање по враќањето од странство директорката тврди дека  потврдените лица на COVID -19, се вратил од Србија на 09.03.2020год.,  кога во Србија имало само еден потврден случај на корона вирус.  Во тој момент Србија,  беше категоризирана како земја со низок ризик и лицата кои се враќаа од таму, не подлежеа на мерки за самоизолација и здравствен надзор, што значи лицето немало обврска да се јави во Центарот за јавно здравје

 

„ Во моментов мапирани се сите контакти на потврдените случаи, а со добивање на нови позитивни резултати, епидемиолошкото истражување продолжува. Сите лица кои биле во контакт со првозаболените се во самоизолација и се ставени со решение од ДСЗИ под здравствен надзор„

Инаку, максимален број на скрининг тестови за пунктот во Општина Прилеп е 7 тестови на ден, во периодот од 8 до 14 часот. Закажувањето е преку „Мој термин,„ кај матичниот лекар. Пациентот на тестирањето со себе треба да носи документ за идентификација. Дополнителни тестови се прават по епидемиолошки и клинички индикации.

„По самоизолација од 14 дена, доколку лицата кои биле во тој период не развиле симптоми на болеста не се тестираат, продолжуваат со секојдневните приватни и професионални активности.“- одговри на новинарските прашања , М-р Драгица Николовска Директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Прилеп

 

 

 

Би можело да ве интересира

Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 27 та седница

Над 300 учесници на џудо турнирот „Прилеп град херој 2024“

Пела Редакција

НИЗ ФОТОГРАФИИ- РОДНОТО КРУШЕВО ЗА СВОЈОТ ТОШЕ ДЕНЕС СО РОЗИ ВО РАЦЕ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе