16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Поригорозни мерки за заштита од Ковид 19 за Прилеп, бара градоначалникот Јованоски

Од причина што бројот на инфицирани со коронавирус во општина Прилеп за два дена се покачи за 50%, односно од 22 на 33, градоначалникот Илија Јованоски од Владата и премиерот Оливер Спасовски побара за Прилеп да бидат донесени поригорозни мерки, слични на мерките за Куманово.
Во самоизолација се наоѓаат 179 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.
Граѓаните го почитувале полицискиот час, не се забележани никакви прекршувања.
Докторката од Инфективното одделение во прилепската Општа болница е негативна на тестирањето за коронавирус, што значи дека одделението непречено ќе фунционира, а доколку има потреба ќе биде засилено со медицински персонал од другите одделенија во болницата.

Би можело да ве интересира

Уредување и санација на патиштата – приоритет во Крушево

Утрово најстудно во Крушево -5 и -2 во Прилеп

Пела Редакција

(ФОТО – ГАЛЕРИЈА) ООУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани го прослави патрониот празник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе