12.3 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Ќе бараме одговорност за уништување на општествениот имот (ВИДЕО)

„Училиштето кое требаше да го носи името на заштитникот на градот Свети Никола, поради неспособноста на локалната власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, не го дочека своето отворање, па денеска, истото, претставува, и е, предмет на кражби“, обвини на денешната прес конференција Гоце Бумбароски од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

– Се работи за инвестиција во вредност од 10 милиони денари на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, а тука требаше да учат околу 170 деца до петто одделение. Градоначалникот Јованоски веќе трета година ја предводи Општина Прилеп, но заборави дека и во својата предизборна програма вети ново училиште во оваа населба. Денеска повторно го потсетуваме дека тука веќе е изградена нова училишна зграда и дека само поради неговата негрижа и неспособност од оваа зграда ќе останат ѕидови. Одговорноста за тоа ќе биде само негова, а децата од овие населби поради Илија Јованоски и понатаму ќе посетуваат настава далеку од своите домови, рече меѓу другото Бумбароски.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ја повика локалната власт да се фати за работа и да го спаси училиштетото додека сеуште има време, зашто во спротивно ќе биде побарана одговорност за уништување на општествениот имот, беше речено на прес конференцијата.

Следува видео за состојбата на објектот:

Би можело да ве интересира

По состојбата со прилепската болница се огласи ОК на ВМРО ДПМНЕ

Пела Редакција

ОК ВМРО-ДПМНЕ: стадионот во Тополчани беше гордост за мештаните

Гордана Цветаноска

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Иронично е СДСМ да зборува за грижата за земјоделието

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе