Од утре, 26 мај , вторник , Автобуската станица – Прилеп, односно меѓуградскиот превоз започнува да функционира, со редуцирани возни линии. Дел од превозниците сеуште го немаат потврдено започнувањето на работењето и одржувањето на редовните линии, но одреден дел од линиите ќе бидат активни, како што се линиите за Кичево, за Скопје преку Кичево и доколку сакаат транспортните претпријатија “Транскоп„, “Галеб“, би започнале и линиите до Скопје и Битола .
„Самите превозници одлучуваат дали ќе возат и под кои услови ќе работата и дали нивното работење е рентабилно. Предлогот е даден да се превезуваат половина од патниците од капацитетот на превозното средство. Тоа би значело дека ако во автобусот има 50 -сет седишта, само на половина од нив ќе се превезуваат патници , односно седење на патник на две седишта. Задолжително е носење на заштитни маски и ракавици! Од 01-ви јуни ќе бидат потврдени меѓународните патувања.„ – истакна Борче Чупетрески, менаџер на автобуската станица –Прилеп
Во однос на препораките кои се дадени од владата, задолжително растојание од два метри помеѓу двајца патници, тоа е невозможно да се изведи во помалите комбиња и многу тешко во автобусите.
„Замислете, ако се почитува тоа правило во еден автобус треба да патуваат четворица до петмина патници . Тоа економски е неисплатливо за операторите кои вршат транспорт на патници и затоа овие два месеци беа прекинати сите линии кои функционираа. Доколку мерките бидат редуцирани, технички, автобусите би можеле да превезуваат патници, за да би имале некаква финансиска исплатливост и да започне да работи меѓуградскиот сообраќај “-додаде Чупетрески за Радио Пела во емисијата #SediDomaSoRadioPela