16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Рекорд на новозаразени во Македонија, во Прилеп и долненско по 1 нов случај, почина жена од Црнилиште

Во изминативе 24 часа откриени се 175 нови случаи на коронавирусот, а пет пациенти починаа, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 18 оздравени пациенти. Најголемиот број од новодијагностицираните дури 131 се од Скопје.

Додека пак , од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус, како и еден во населеното место Црнилиште, општина Долнени. Како последица на коронавирусот, почина 72 годишна жена, жител на Црнилиште, општина Долнени. Од заразната болест оздравеле 4 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 23, од кои 18 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 5 на болничко лекување;
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус. На 4 лица сомнителни на КОВИД-19 земен им е брис и се чекаат резултати;
Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 30 граѓани им биле изречени прекршочни казни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)„Татнеж во тишина“-прва авторска песна на Д’докторс

(ГАЛЕРИЈА) Прилеп ПРОЧКА 2024 -Мечкари, Далматинци, кловнови, Чарло Чаплин … по некој Бетмен, криминалци

Пела Редакција

Втор ден по ред 4 нови случаи корона позитивни во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе