Советниците при Советот на општина Прилеп на 44 -та редовна седница одлучија седумте прочистувачи на воздух кој ги доби градинка, наменети за ЈДУ „Наша иднина„ да останат во трајна сопственост и користење на деттските градинки. Советниците дадоа „зелено светло„ и за три нови вработувања во ЈОУ Дом за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“.
Едногласно беше прифатена одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година , наменети за потребите на три СОУ во Прилеп : Гимназијата „Мирче Ацев„, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и за СОУ „Ѓорче Петров„ .
Советниците ја донесоа одлуката општината да не наплаќа комунална такса за користење на простор пред деловните простории за вршење на дејност , како што се ресторани, кафетерии, обложувалници , за верме на вонредна состојба, и е констатирано дека во истиот период лани, од 01 јануари до 30 мај, наплатата е значително намалена поради КОВИД 19 , од 4 милиони и 71 илјада денари , на еден милион и 312 илјади денари за оваа година, споредбено со истиот период, лани. Се укинува и висината на трошоци и надоместоците за користење на инфраструктурата на гробиштата и придружните објекти која изнесува 200 ден.
Воедно, советниците дадоа согласност и за одлуките повразани за новите регулациски планови на Генералниот урбанистичи план за град Прилеп.