Прилепскиот млад музичар , Филип Николоски, со неговата песна-првенец, насловена „Тебе те нема„ започнува со сериозни музички чекори. Песната, веднаш ги освоји срцата на публиката со нејзиниот мелодија, ритам и добра музичка изведба. Со самото нејзино излегување и промовирање, излезе и прекрасниот спот (погледнете го подолу во текстот ) кој го прикажува Прилеп од височините на планиските карпи, и поглед својствени само за овој предел. Сета оваа музичка композиција го прави ритамот на песната да биде впечатлив и пренесува една убава музичка приказна.
Песната, „Тебе те нема„ вели Филип ,се подготувала повеќе од два месеци, од февруари, и едвај чекал да ја отпее во студио , и да излезе во етер, да допре до пошироката публика. Песната раскажува за сеќавањата на една изгубена љубов, „познате тема„ , чувство на напуштеност, но кое прави да се присетиш на сите убавни нешта, чувајќи ги спомените во срцето“.
Авторската песна на Филип Николоски „Тебе те нема„ го потврдува и богатиот гласовен опус на момчето со прекрасна харизма и музичка дарба , кое често го среќаваме во прилепските локали каде ги забавува гостите и ги пее најубавите балкански хитови и песни, од различни жанрови. Филип Николоски има завршено основно музичко училиште и со клавијатура и музика се занимава од мали нозе,а по завршувањето на средно училиште , веќе храбро го покажува својот талент и на публиката која ја освојува со својата харизма и чисто музичко срце.
Текстот и музиката на песната „Тебе те нема„ во изведба на Филип Николоски, се на Гоце Илиески Балада, аранжман на Рубин Димоски , а спотот е изработен од „Фан Продукција – Пилата „.