16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Втор ден по ред 4 нови случаи корона позитивни во Прилеп

Во општина Прилеп, за среда 24 јуни, има 4 новозаболени од коронавирус, а во изминатите 24 часа нема оздравени од заразната болест, информираат од прес службата на општината. Ова е втор ден по ред со истиот број на новозаразени од Ковид 19 во Прилеп.
Бројот на активни случаи изнесува 20, од кои 11 се наоаѓаат на домашно, а 9 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус.

Во последните 24 часа пак, 136 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани по спроведени 1.208 тестирања во Македонија. Жариштата остануваат исти – вирусот најмногу се шири во Скопје, со 80 новодијагностицирани и Тетово – 24.

Би можело да ве интересира

Вечерва редок феномен “Крвава Месечина“ – поглед од Битола, Прилеп, Грција…

До недела – пекол, на сила црвен метео аларм

Сојузот не ги повлекува поверениците од вагите, откупот да продолжи!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе