Пензионерите коишто поседуваат дебитни картички, од денеска ќе можат да ја подигнат јунската пензијата. Со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, и оваа исплата на пензии ќе се одвива етапно.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-во петок, 26 јуни – пензии во висина до 11.000 денари;
-во понеделник, 29 јуни – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
-во вторник, 30 јуни – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
-во среда, 1 јули – пензии во висина над 18.000 денари.
Во МАКЕДОНИЈА има над 320 илјади пензионери кои што трет месец пензијата ја добиваат предвреме поради состојбата со пандемијата, и поголема заштита на здравјето.