16.3 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Пет новозаболени од корона вирус во Прилеп, бројот на активни случаи се зголемува

Во општина Прилеп има 5 случаи на новозаболени од коронавирус информираат од Центарот за јавно здравје Прилеп.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 53, од нив, 43 лица се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.
На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 пациенти позитивни на коронавирус, известуваат од прес службата на општина Прилеп.

Инаку, што се однесува до почитување на мерката за носење на маски, лична заштитна опрема за лицето, на територија на целата држава во текот на изминатото деноноќие на 4 и 5 јули регистрирани се 474 прекршоци, објави Министерството за внатрешни работи.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Би можело да ве интересира

Прологниран рокот за аплицирање за ИПАРД 2

Приведени тројца дрвокрадци, пронајдени нежигосани огревни дрва

Снег во Крушево – Многу дожд во Прилеп, а најмногу во Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе