Прилеп е еден од ретките градови, ако не и единствен, каде што сеуште се одржува традицијата за одбележување на обичајот поврзан со православниот христијанки празник Иванден – Раѓање на Свети Јован Крстител, месење кравајчиња, направени од посни состојки и украсени со шарени шеќерќиња и обичајот “Тајане Бојане“, каде група деца собираат состојби за крвајачињата од секој дом, пеејќи им ја на домаќините песната “Тајане Бојане“, за здравје и род во куќата.
Тоа е обичај во кој едно машко детенце го носи ѓумчето кое е украсено со цвеќиња во кое се пуштаат парички во тепсија во која има ставено чаша и ваганче. Во тепсијата домаќинките каде децата ги посетиле им подаруваат брашно, во ваганчето се дарува шеќер и во чашата се дотура масло. Сето тоа служи за месење на кравајчињата, а парите се за да се купат шеќерчиња и да се украсат кравајчињата.
Иванден – „Тајане Бојане„ во организација на „Преродба“-Прилеп ,2018 г
Традицијита ја негуваат и одржуваат од женското здружение “Преродба“- Прилеп. Традицијата и обичајот ден пред Иванде е изгубена . „Но,за да не се заборавим барем секоја домаќинка да меси кравајче за своето семејство„ велат оттаму.
Верувања и обичаи
На Иванден се плетат венци од ивано-цвеќе и со нив се китат просториите.Со плетењето на венците се сака да се каже дека природата во својот развој дошла до највисоката точка (средина на летото) и дека со тоа природата се овенчува. Тие венци воедно ги потсетуваат младите да размислуваат за свадбени венци. Девојките во венецот ставаат црвена роза. Се смета дека Иванден е толку голем празник што Сонцето на тој ден застанува три пати.
Цвеќето се бере за овој празник бидејќи луѓето веруваат дека има поддршка од небото. Забележано е верување дека низ венците од сплетена јованова трева, на Иванден се провлекувале жените кои немале пород.
Се капеле во вода во река за таа да ги однесе уроците, болеста и злите намери. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.