0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Никоја партија во Прилеп не се огласи за победник, а веб – страната на ДИК сеуште не функционална

Во Прилеп ниту една партија не одржа прес конференција и не ги објави пратеничките резултати ,ниту пак, како што е  вообичаено, не изелзе да се пофали дека е победник на предвремените параментарни избори. Прилепските локални новинари денеска не добија информација .

И, делот од порталот  на ДИК „Избори 2020“ и “Резултати“ денеска повторно е не функционален. Не можат да се видат резултатите од изборите, ниту вообичаените табели, ниту пак колку пратеници која партија има. ДИК сеуште ги нема резултатит од изборите ,  а официјалниот сајд на ДИК не работи од ова утро. На rezultati.sec.mk јавува грешка со серверот на веб сајтот. Според она што можеше да се види пред да падне сајтот синоќа, компанијата „Дуна“ е потпишана дека го одржува сајтот.

И, синоќа Игор Трајковски од Time.mk на неговиот профил на социјалната мрежа „Твитер“ објави дека агрегаторот е под “DDOS” напад.

Ианку, Според неофицијалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), на предвремените парламентарни избори одржани вчера, 46 пратенички мандати има освоено коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Беса, по која следува опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ која освои 44 места во Парламентот. Потоа ДУИ имаат 15 пратеници, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12 пратеници, Левица два пратеника и ДПА еден пратеник во новиот собраниски состав.

 

 

Би можело да ве интересира

Христијан Мицкоски во Прилеп на средба со бизнис секторот

Елизабета Филипоска

Ристовски: Таргетиравме 3 основни реформи за просперитет на Македонија! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Која е граѓанската иницијатива што ќе учествува на локалните избори во Прилеп?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе