7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Што мислат штедачите од Прилеп за падот на Еуростандард банка ? (АУДИО АНКЕТА)

Народната банка во текот на вчерашниот ден ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, а за денеска најави дека ќе побара отворање на стечајна постапка.

Што ќе се случи со средствата, се прашуваат граѓаните и фирмите кои работеле со Еуростандард банка АД Скопје. Информациите за пропаѓањето на банката, велат прилепчани ги добиле преку медиумите. Експозитурата на банката е со пломбирана врата, на која што стои соопштението од Народна банка на Македонија.

Уште вчера, попладне, веднаш по добивањето на веста, граѓаните побрзале до експозитурата во Прилеп, каде што, велат дека вработените одржувале состанок и не им дозволиле да влезат.

– Синоќа дојдовме, имаа состанок и не избркаа, рекоа граѓаните кои што ги анкетиравме пред прилепската експозитура денеска.
– До вчера се беше во ред, а сега ќе се тепаме овде, ќе се бркаме, народот кој го прашува?! Немаме никакви информации.
– Ова е, ова е исто како маалска продавница и ништо повеќе.
– Вчера до 12 часот функционираше подигањето на парите. Ние подигнавме од поштата.
Некои од граѓаните не беа информирани за новонастанатата состојба, велат дека соработувале со банката долго време и никогаш немало проблем.
– Немаме за леб, денеска дојдов да извадам некој денар, па ми кажаа дека е блокирана банката, вели Ристо Трајкоски.

 

 

Пензионерите кои средствата ги добиваат преку Еуростандард се во неизвесност како ќе си подигнат парите.
– Јас само дојдов да се информирам за пензијата, ми е преку нив, каде ќе биде исплатата, дали ќе бидеме префрлени во друга банка или треба да си бараме ние друга банка, сеуште незнам. Затоа дојдов да се информирам, ни рече една пензионерка.
Имаше и такви, за кои, ова е второ искуство со пропаѓање на банка, и затоа се скептици дека ќе си ги вратат парите:
– Ако даде господ ќе ги вратиме парите. Инаку, како што беше со ТАТ банка, така и со оваа, коментираше еден господин. „Ова не ни е прв пат од 90 та година. Имам искуство и со ТАТ банка и таму ми пропаднаа парите. И што ?! Жив сум, што може да правиме? Тоа е вистината! Тешко на народ, а за внучиња, и уште правнуците, уште потешко ќе биде! Само да стане Тито да види што се работи, ама не станува, ни рече еден господин.

Со цел да помогнеме за тоа на каков начин и која е постапката за обесштетувањето за физичките и правните лица коишто ги користеле услугите и производите на Еуростандард банка АД Скопје информациите се достапни тука.

 

 

Би можело да ве интересира

Уште неколку денови за пријави за субвенции за предадено млеко во подрачните единици на МЗШВ

Гордана Цветаноска

Работниците на протести во Скопје, Владата ќе расправа за Еурокомпозит

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе