7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Денеска е Мала Богородица: Празник на мајката и заштитничка на жените

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ги празнува повеќето празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Така е и во народните умотворби, како во поетските така и во прозните, така и во народните верувања и во народните обичаи. Затоа поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови.

Празникот Рождество Богородично го прославува раѓањето на Марија, неа Самата како Божја Мајка, но и Нејзините благочестиви родители. Тоа е првиот голем празник во новата литургиска година, означувајќи го почетокот на циклусот на човековото спасение.

Би можело да ве интересира

Исчезнат е Лазе Ристески, лице со посебни потреби од Прилеп – Семејството бара помош

Пела Редакција

УТРЕ, САБОТА, КУПЕТЕ КОЛАЧИЊА И ДОНИРАЈТЕ ЗА ПОМОШ НА 13 -ЕСЕТ ГОДИШНАТА ВИКТОРИЈА

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Пелагониско здружение – македонски мост за напреден економски развој

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе