11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Одбележани 79 години од народното востание во Прилеп

Во знакот на препораките за здравствена превентива, годинава Прилеп го чествува Денот на народното востание, 11 Октомври, со полагање на свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов – Ченто и Кузман Јосифоски – Питу, Алејата на народните херои, споменикот „Жена борец“ и Могилата на непобедените. Општински и владина делегација, со наклон кон делото на револуционерите, нивната саможртва за слободна и демократска Македонија.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски потенцира дека заедништвото е пресудно во секоја битка, па и во актуелната, поврзана со колективното здравје.

– Денеска сме соочени со еден предизвик на пандемија на Ковид-19, со што се сменија условите на живеење. Новата нормалност е поинаква. Гледаме дека последниов период имаме поголем број на новозаболени, што ми дава право да испратам порака до нашите сограѓани, дека треба сите да ги почитуваме препораките и мерките на Владата и протоколите на Комисијата за заразни болести, затоа што давањето личен пример е единствениот начин да покажеме дека сакаме да го решиме овој проблем. Ако успееме да бидеме единствени и сите заедно да се сплотиме, ќе бидеме победници и овој пат“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Задачата на денешната генерација Македонци е да се погрижеме за просперитет на државата, порача од Могилата на непобедените, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

„Што е задача на нашата генерација? Државноста ја имаме, таа ни е обезбедена и долгорочно државата ни е стабилна, бидејќи сме дел од НАТО алијансата. Следната задача ни е европскиот начин на живот да го донесеме дома, преку пристапниот процес со Европската Унија, стандардот, платите, редот, правдата, образованието, здравствениот систем, животната средина. Да го искористиме аманетот на предците, да ја искористиме нашата државност, да ја направиме, силна, богата, успешна и просперитетна Република Северна Македонија. Тоа е задачата на оваа генерација. Убаво е овие церемонии и традиции да ги негуваме, со што на некој начин си ја покажуваме линијата“, изјави Димитров.

Покрај општинска делегација предводена од градоначалникот Јованоски, венци и свежо цвеќе на спомениците и спомен обележјата положија и заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров и министерката за образование и наука, Мила Царовска, пратениците во Собранието Миле Талевски и Ана Лашкоска, претставници на Претседателот на државата, Армијата, Сојузот на борци и Советот на општина Прилеп, амбасадорот на Кралството Холандија во нашата држава, Дирк Јан Коп, како и делегации на политички партии.

Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, во Прилеп и Куманово се чествуваа под  слоганот „Честит 11 Октомври! Секогаш слободни!“.

Би можело да ве интересира

Крушево ќе го испитува јавното мислење за работата на општината и институциите

Гордана Цветаноска

Нови 5 случаи- 742 лица заразени од пандемијата до денеска

Елизабета Филипоска

Во прилепскиот театар се поставува претставата „Аудиција“ во режија на Владимир Милчин

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе