16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прифатени рестриктивните мерките – локалите ќе работат до 23 часот, а администрацијата од дома

Со цел справување со зравствената криза, работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен на оние што вршат испорака и се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата  ја прифати и препораката на Комисијата за заразни болести, целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциит.

Спортските натпревари не се укинуваа, но останува забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината.

Би можело да ве интересира

(Фото) Новогодишен Прилеп

Боево гаѓање на стрелиштето Леково

Премиера на македонскиот филм „Преекспонирано“ во киното Мис Стон

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе