16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Дневен Ковид биланс – Прилеп руши рекорди

Денеска во општина Прилеп има 38 нови случаи на коронавирус, а 13 лица оздравеле од заразната болест, информираат од Центарот за јавно здравје Прилеп.

Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 75 и 78-годишна возраст;

Бројот на активни случаи изнесува 237, од кои 201 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 594 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 973.  

Поради зголемениот број на случаи на коронавирус во општината, градоначалникот Илија Јованоски за утре, четврток, во 11:00 часот закажа седница на Општинскиот кризен штаб.

Би можело да ве интересира

На пругата пред Велес се запали локомотива, а железничкиот сообраќај беше во прекин

Пела Редакција

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележан во Прилеп

Клековски: Сите вработени со договор на дело ќе бидат вработени, најдоцна до крајот на годинава

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе