11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Одложено ракометното комшиско дерби

Натпреварот кој што денеска требаше да се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола во рамки на седмото коло на Групата Б во Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп е одложен.

Целта е да се намали ризикот, а одложувањето е по барање на раководството од Еурофарм Пелистер. Во двата клуба има позитивни случаи на корона вирус, и кај младата екипа на битолчани, како и во екипата на Прилеп кои минатата средба со Бутел ја играа со 6 играчи помалку, што пак се одрази на крајниот резултат од средбата.

Терминот на одигрување на натпреварот ќе биде дополнително одреден.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе