7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепска пиварница за 3,6 пати ја зголемила добивката за 9 те месеци од годинава, во споредба со лани

Реорганизацијата во работењето, намалување на оперативните расходи, прилагодена на состојбата со пандемијата, за Прилепска пиварница значи зголемени приходи за првите 9 месеци од годинава. Имено, според неревидираниот биланс на успех на компанијата, Образложение кон постигнатите резултати за период јануари – септември 2020 год од Прилепска пиварница во Македонска берза https://www.seinet.com.mk/FileServer.aspx?file=58097, во месеците јули, август и септември компанијата успеала на домашен пазар дневната просечна продажба да ја крене до ниво од 97.000 евра.  

„За трите квартали од оваа година Прилепска пиварница АД оствари позитивен финансиски резултат од 145.411 илј.ден. и во однос на резултатот во истиот период од 2019 год. од 40.187 илј.ден. покажува остварување од 362%,“ стои во Образложението на компанијата.

Нето добивката на „Прилепска пиварница“ на крајот на септември е 2,4 милиони евра и тоа е за 3,6 пати подобар резултат во споредба со лани, што се должи на намалувањето на вкупните оперативни расходи (заштеди на трошоци) во работењето во периодот од првите 9 месеци од 2020 год. кои  во споредба со остварените во истиот период лани бележат намалување и се остварени во процент од 79%.

Со оглед на околностите во кои работиме, жестината со која Ковид вирусот напаѓа и од ден на ден, со почеток на четвртиот квартал, се бележат се повеќе заболени, за очекување е дека нема да се остварат резултатите во приходната страна на ниво од ланската година но во исто време менаџментот превзема мерки да ги балансира расходите на оптимално ниво. За очекување е дека на крајот од годината ќе биде постигната далеку поголема добивка од работењето во споредба со ланската година“, стои во образложението на компанијата за постигнатите резултати, објавено на Македонска берза.  

Би можело да ве интересира

Совети како да ви доаѓа помала сметка оваа зима ако се греете на струја

Елизабета Филипоска

Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM 2022 во Келн

Крајот на откупот создаде проблеми, тутунарите незадоволни

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе