Државата нема регистар од самохрани родители, како база на податоци, па поради тоа, потребно е, сите заинтересирани да поднесат барање, и други документи , со цел да се потврди нивниот статус на самохран родител за да може да ја користат помошта од 4 тиот сет мерки. Барањата за стекнување со правото за користење на финансиска поддршка во висина од 6 илјади денари , се поднесуваат во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, заедно со потребните документи рече Дејан Тошески, директор на МЦСР Прилеп, во отворената програма на Убав ден со Радио Пела. Процесот започна од 7ми декември и ќе трае до 17 ти декември.