7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

И во пандемија Мермерен Комбинат бележи профит

Мермерен комбинат Прилеп за првите 9 месеци од годинава бележи профит кој што е речиси преполовен во споредба со истиот период лани.  За првите девет месеци акционерското друштво остварило продажба од 15,9 милиони евра и тоа е за 33 отсто во споредба со истиот период лани. Најголем пад во нето добивката компанијата бележи во продажбата на домашниот пазар каде се остварени 113.000 евра што е за 64 отсто помалку. Но, затоа пак извозните приходи  изнесуваат 15,8 милиони евра, што претставува една третина помалку споредбено со минатoгодишините за првите девет месеци.

Во однос на бруто добивката таа изнесува 10,7 милиони евра, што е за 39 отсто пониска од истиот период лани, додека пак нето добивката на друштвото изнесува 7,5 милиони евра и бележи пад од 44 отсто во споредба со лани. Традиционално, и во услови на пандемија Мермерен комбинат Прилеп подели  дивиденда, во септември кога исплати 8 милиони евра. „Мермерен комбинат“ АД Прилеп е во доминанта сопственост на две странски правни лица. Мнозински сопственик е холандската компанија која работи со производство и продажба на мермер „Стоун воркс Холдинг Кооператив“ кој поседува 89,25 отсто од акциите со право на глас и грчката „Пиреус банка“ која како старател управува со 10 отсто од акциите на компанијата. Мермерен Комбинат е основан во 1946 година и оттогаш експлоатира и обработува бел мермер.

Во рамките на комбинатот се работи на пет големи каменоломи на основа на долгорочна концесија, а пристаништето во Солун, Грција компанијата го користи како главен логистички центар, за дистрибуција на мермерот SIVEC® на сите континенти.

Би можело да ве интересира

Прилеп го одбележа 2 Август – Денот на републиката

Гордана Цветаноска

Од четврток до недела екстремно топло во Македонија

Пела Редакција

Прилеп доби копија во мермер и реплика од орденот „Народен Херој“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе