ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стартува главната фаза на мундијалот во Египет

597

Откако се одиграа 46 натпревари и две одложени заради пандемијата, на мундијалот во Египет досега се постигнати 2625 гола каде најефикасна репрезентација е Унгарија со постигнати 107 а потоа следуваат Словенија со 105 и Данска со 104 постигнати гола. Македонската ракометна репрезентација денеска стартува со Словенија од 15:30 а до крајот на овој шампионат треба да одиграме и со Русија и Белорусија.

Најдобриот играч на Норвешка Сандер Сагосен по бројот на постигнати гола е водечки , вкупно 30 на ова првенство и покрај тоа што норвежаните веќе загубија еден натпревар од Франција.Сагосен има 68% реализација на своите шутеви.Франкис Карол со 25 гола е втор засега а средниот бек на Тунис Мохамед Дармул е трет.

За потсетување нашиот Кирил Лазаров има најмногу голови постигнати на едно светско првенство и тоа во Хрватска во 2009 година вкупно 92.

Кога сме кај голманите најголем процент има голманот на Германија Силвоио Хајневетер дури 52% одбранети удари , русинот Станислав Третинко 50% досега а 43 годишниот португалец Умберто Гомеш има 49% на одбрани.

Групи во втората фаза на Светското првенство:

Група 1 – Унгарија (4) Шпанија(3) Германија(2) Полска (2) , Бразил(1) Уругвај (0)

Група 2 – Данска (4) Хрватска (3) Катар (2) Аргентина (2) Јапонија (1) Бахраин (0)

Група 3  –  Португалија (4) Франција (4) Исланд (2) Норвешка (2) , Швајцарија (0) Алжир (0)

Група 4 –  Шведска (4) Русија (3) Египет (2) Словенија (2) Белорусија (1) Македонија (0)

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: