-0.9 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео) Очното одделение во можен нов ковид центар, а модуларната болница идната недела во функција

Во моментот, во прилепската болница има 104 хоспитализирани лица болни од Ковид 19, а 84 се на кислородна поддршка. Покрај Инфективното одделение, во болницата, како ковид центар се адаптирани и одделенијата за уво, нос и грло и интерното одделение. Со оглед на што бројот на новозразени постојано расте ,а поради постоечкиот централнит довод на кислород, како ковид центар, менаџерскиот тим, пред неколку недели одлучи да го адаптира и гинеколошкото одделение. А, веќе се размислува и очното одделение во прилепската болница да се стави во функција на ковид заболните лица, до моментот на отворање на модуларната болница.

„Модуларната болница, потребна за прилепската болница како ковид центар, има 35 легла. Опремена е со инвентар. Следната фаза е поставување на опрема за дијагностицирањ , но најпрвин ние како болница потребно е да доведеме ел.енергија до тој објект и спроведување на централен кислород или да одлучиме дали пациентите ќе се опслужуваат, алтернативно, со кислородни боци. Се надевам дека од понеделник (22 март) ќе биде ставена во употреба„, – рече во емисијта “Одговорност и одговори“, Кети Смилеска, дир. на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески “ – Прилеп.

Таа посочи дека засега сеуште не се размислува за дополнителен персонал во овој дел на болницата ,освен ако за тоа има потреба, каде би биле биле ангажирани хонорарни лица.

Разговор со Кети Смилеска, дир. на ЈЗУ Општа болница “Борка Талески “ – Прилеп

Новина за прилпската болница ќе биде апаратот за магнета резонанца, „а затоа има делумно обучен кадар кои би се доедуцирал за работа со овој медицински апарат“ ,и тоа како потребен на Прилеп, бидејќи досега овие магнетни снимки, прилепчани ги правеа во болницата во Битола, а од инфраструктурните зафати, промената на кровната конструкција би бил следен чекор на менаџерскиот тим.

Би можело да ве интересира

Револуција се крева со мотика, а не со оружје!

Гордана Цветаноска

Платнените торби се враќаат на „голема врата“

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Думбалоски: Ракавицата е фрлена! Штрајкот ќе трае се додека Владата не ги прифати предлозите на СОНК

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе