7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Претреси во стан на Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

Утрово, се вршени претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп. Од јавното обвинителство потврдуваат дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизираат за кој станува збор. Полициски претреси по налог на јавен обвинител се вршени во станови на Никола Груевски во Скопје.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на екс премиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

Пред две недели во притвор поради плацевите на Водно се најде бизнисменот Орце Камчев и тоа како осомничен за кривично дело перење на пари.

Поранешниот премиер Никола Груевски се товари дека овозможил со пари прибрани за партијата да се купи земјиште на Водно преку фирма на поранешниот свој кум Новачевски. Осомничени се и Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.

Извор: „Слободен печат“

Би можело да ве интересира

Загина маж на патот Прилеп-Крушево, излетал од патот

Пела Редакција

Советот на општина Новаци ја одржа 5 тата седница-како ќе се распределуваат средствата од буџетот

Елизабета Филипоска

Крушево низ корија – 10 то јубилејно дружење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе