7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Земјоделците бараат контрола на брашното при увозот

Да остане контролата на квалитетот на земјоделските продукти кои се увезуваат во земјава, а истото важи и за хемиските препарати и ѓубрива потребни за земјоделското производство, порачаа на средба со новинарите претставници од Регионалниот сојуз на земјоделците „Клас“. Земјоделците велат дека немаат ништо против увозот зошто е неопходен.
– При увозот на секоја стока треба да има контрола на самата граница во Македонија. Досега, директно, брашното одеше кај преработувачите. Потоа се вршеше анализа и доколку се утврди дека не е квалитетно, а веќе е потрошено, немаше кај кого инспекторатот да се жали. Не станува збор за проблем меѓу двете министерства, туку за неприменување на законот од увозниците во Македонија, вели Перо Стојкоски од здружението.
И не само тоа, земјоделците бараат од државата засилени проверки на квалитетот на брашното кое се увезува, зашто како што велат тие се прават строги контроли при купување на домашната пченица, а се носат сомнителни количества брашно од странство, со што цената на домашниот производ се намалува.
Според преставниците на Сојузот потребно е да се најде решение за недооткупената пченица од ланската реколта, која е тешка околу 30.000 тони или околу една петтина од вкупно произведените количества.

Би можело да ве интересира

Од полноќ поевтинува дизелот, а бензинот останува со иста цена

Елизабета Филипоска

Што градот му нуди на бизнис секторот?! Бизнисмените дебатираа по повеќе прашања на седницата на Економскиот Совет на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Јосифоски: Зголемување на цените на тутунот не 20, туку 35 до 40% за годинешната реколта

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе