7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Светскиот ден на здравјето во знакот на беспоштедната борба на здравствените работници

На денешното одбележување на Светскиот ден на здравјето, 7 април, здравствените работници сеуште се наоѓаат во првите борбени редови против пандемијата, ризикувајќи ги своите животи за да се грижат за другите, со што покажуваат врвни професионални и човечки карактеристики. Нивните беспоштедни напори и жртвување во борбата против заразата заслужуваат честитки и голема благодарност. 

Светскиот ден на здравјето годинава се одбележува под знакот на имунизацијата од Ковид 19.

– Вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот, но за жал таа не се одвива со посакуваното темпо никаде во светот. Побарувачката на вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени. Ние правиме се за да ги зголемиме количините на вакцини во нашата земја. -изјави Министерот за здравство ,Венко Филипче

Радио Пела минатата година им ја додели наградата „13 Величенствени„ на здравствените работници во Прилеп кои пожртвувано се бореа за секој пациент од пандмијата што беше непознаница како вирус и го преплави целиот свет.

7 април секоја година да се одбележува како Ден на здравјето, почнувајќи од 1950 година. На овој ден е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува светот.

Би можело да ве интересира

Александар треба да се лекува во странство, да му помогнеме!

Гордана Цветаноска

Мирноносни цвеќиња за бебињата родени на Божик и во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Задушница за Духовден во прилепските храмови – утре неработен ден за православните граѓани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе