На велешката патарина вечерва се уапсени дилери на хероин од Прилеп.Одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи на велешката полиција лиши од слобода две лица од Прилеп во чие возило е пронајдена опојна дрога хероин.
МВР за утре најавува повеќе информации за овој случај.
А, 30-дневен притвор им определи скопскиот кривичен суд на шестмината осомничени за шверц на марихуана уапсени во завчерашната акција на полицијата во прилепско, јавија повеќе медиуми.