9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

„Фатени„ 11 возачи без дозвола, а 129 возачи ја пречекориле дозволената брзина

На (13.04.2021) на подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувале возачка
дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувале на мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување. Под дејство на алкохол бил
еден возач и тој бил отстранет од сообраќај.

Во периодот од 12.00 до 18.00 часот Секторот за внатрешни работи- Битола спроведил и регионална акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, констатирани се 102 прекршоци. Било утврдено дека 58 возачи ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, а 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место.
За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.

Би можело да ве интересира

Прва и успешна акција „Да си го исчистиме Прилеп“ (Фото)

Гордана Цветаноска

Поради пандемијата световите за танцот застанаа – Денеска се одбележува МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТАНЦОТ

Елизабета Филипоска

„Замина„ Тозовац- пејачот ја загуби битката со коронавирусот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе