5.2 C
Прилеп
четврток, 19 декември, 2024
Пела Радио

Утре, во прилепскиот театар, премиерно, дуодрамата „Мендо и Мајло„

Утревечер, сабота, (22.05 2021) во театарот „Војдан Чернодрински„ во 19.00 ч. премиерно ќе биде прикажана дуодрамата, комедија, „Мендо и Мајло“, од Мирјанка Ристеска Селчанец, во режија на Игор Трпчески. Во преставата играат: Трајче Иваноски – Пепио и Андон Јованоски – Аша.

Ова е најнова продукција на Театарска Работилница Прилеп, во соработка со НУЦК Марко Цепенков.

Текстот е социјална комедија за двајца повозрасни луѓе, кои по игра на случајот се нашле во притворската келија на затворот Шутка. Мендо е обвинет за убиство на сопствената невенчана жена, која всушност починала во сон… Мајло е ром – дрвокрадец, кој истотака е обвинет за убиство. Го убил шумарот, кој несреќно загинал, откако неговата магарица Уснија, ја превртува колата со дрва под кои и самата загинува, а Мајло е тешко повреден. Во ова време кога национализмот константно расте, а толерантноста опаѓа, важно е да разбереме, дека колку и предрасудите да се големи, на крајот, потребен ни е човек!

Во актуелната претстава на Театарска работилница Прилеп зад која како покровител застана Министерството за култура, тонот и светлото се на Томе Темелкоски, за сцената и костимите е задолжена Бојана Артиновска Трпческа, за снимањето и монтажата ангажирани се ФАН Продукција, дизајнот на плакатот е на Анита Гајтаноска, а типографијата е на Зоран Кардула.

Би можело да ве интересира

Победникот на „Никогаш не е доцна“ Сашо Башески со нова преработка (ВИДЕО)

Пела Редакција

Се е подготвено за стартот на 44-тиот Фестивал за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Елизабета Филипоска

Го славиме Свети Трифун – заштитник на лозарите и на градинарите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе