16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Грмотевици повторно – да не се престојува на отворен простор и под дрвја

Денес околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност која поради големата енергија во атмосферата ќе биде во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Од Регионалниот Центар за Управување со кризи во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Од утре, и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Утре, насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.

Би можело да ве интересира

Во чест на Сале музички помен со блуз музика

Советот на Општина Прилеп ја одржа 37 та седница, прва за 2024 та година

Се чистат ѓубриштата во градот и просторот кај градскиот стадион

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе