11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите јавно го повикуваат претседателот Пендаровски да присуствува на протестот во Прилеп

Од три тутунски здруженија денеска е упатен јавен повик до претседателот Стево Пендаровски да им даде поддршка во нивните настојувања за решавање на проблемите во македонскиот аграр, со негово присуство на протестот закажан за в понеделник, 12 ти јули пред зградата на Општина Прилеп. Како што стои во повикот, тутунарите велат дека изгубиле верба и надеж во институциите надлежни да го слушнат гласот на земјоделецот за поддршка во овие тешки времиња.

„Поради незаинтересираноста на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за решавање на нашите проблеми, како и пробивањето на СИТЕ законски рокови и обврски за исплата на субвенции и ковид пакети од државата кон земјоделците, ние сме доведени во крајно незавидна финансиска ситуација, па оттука цениме дека немаме повеќе партнер за разговор во горенаведените институции, и поради тоа сме приморани да организираме протест на 12 07 2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот. Затоа: Јавно ве покануваме да присуствувате на овој протест од кој дирекно ќе бидете запознаен за нашите проблеми како и на лошите законски решенија од минатото на дел од кои и вие сте потпишан, како и да ве запознаеме дирекно со негативните ефекти кон земјоделците кои ке ги донесат законските решенија кои се во најава, пред се’ законот за зелена такса како и законот за продажба за државно земјиште пред да ги потпишете. Освен ваше лично присуство, секоја друга подршка или немање на одговор од ваша страна на оваа наша јавна покана ние земјоделците ќе добиеме впечаток дека и на Вас како претседател на државата ви е поважна ЛГБТ заедницата, на која вие јавно и со лично присуство и дадовте поддршка отколку ние кои ја храниме цела држава,“ стои во поканата до претседателот Стево Пендаровски од здруженијата „Жолто тутунско злато“, „Тутунарска мака“ и „Тутунари земјоделци“

Протестот денеска бил уредно пријавен во полициска станица, ќе започне во 10 часот од кружниот ток пред хотел Липа со рута на движење по булеварот Гоце Делчев, кружен тек, споменик Карпалак и завршува пред новата општинска зграда. Како што најавуваат организаторите присуството може да биде како пешаци, или со автомобили и со земјоделска механизација, со цел да се изрази револтот од како што велат тие игнорантскиот однос кон примарните производители од стана на институциите.

Би можело да ве интересира

Соопштение за јавност на ОО СДСМ – Прилеп, реакција на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Прилеп

Пела Редакција

Водоснабдување за жителите од крушевското село Пресил

Елизабета Филипоска

До крајот на месецов завршува реконструкцијата на стариот пат до Битола

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе