16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Седниците на крушевскиот совет ќе се пренесуваат во живо

Oд наредниот месец седниците на Советот на општина Крушево директно ќе се пренесуваат „онлајн“ во живо на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Во тек е опремувањето на просторијата каде се одржуваат седниците во горната училишна зграда во Крушево, со што ќе се подигне нивото на транспарентност на Советот.

„ Граѓаните ќе имаат можност да ги следат седниците во живо, да ги прегледуваат по завршувањето и со тоа одблиску да се запознаат со нашата работа. Се заблагодарувам на Швајцарската агенција за развој и стоработка, УНДП како имплементатор и на сите советници кои зедоа учество во проектот. Работата на Советот станува поотворена, а советниците се поблиски до граѓаните“, вели претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски.

Претходно, во рамките на проектот советниците посетуваа обуки за градење на капацитетите и се здобија со знаења за подобро и поефикасно извршување на обврските.

Примената на иновативната алатка за пренесување на седниците на советот во живо е дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Би можело да ве интересира

(Видео) Лајонс клуб Прилеп донираше GS1 сензори за дијабетичари

Пела Редакција

Во Кривогаштани планирани прекини на ел.енергија

Пела Редакција

Бозоски: Камениот магацин не е под заштита како културно наследство, реконструкцијата на кровот е согласно законските прописи

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе