7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Попоски: На виделина излезе безидејноста и очајот на најголемата опозициска партија

“Синоќа на истово ова место, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одржаа партиски митинг, при што на виделина излезе безидејноста и очајот во кој се наоѓа најголемата опозициска партија“.- соопшти денеска Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ Прилеп, стојеќи пред камента бина во Прилеп

„Синоќа, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа зошто се наоѓаат 4 години во опозиција и зошто ќе останат таму најмалку уште толку. Во деновите кога комплетното поранешно државно и партиско раководство на ДПМНЕ, чиј најблизок соработник беше токму Мицкоски, е осудено на повеќегодишни затворски казни заради пљачкосување на сопствената држава, тој бесрамно зборуваше за борба со криминалот и корупцијата. Марионетата на унгарскиот бегалец вети изградба на автопат од Велес до Меџитлија, во моментите кога во полн ек е изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп и кога Владата на СДСМ веќе го најави автопатското решение од Прилеп до Битола. Мицкоски зборуваше за изградба на булевари, а на само десетина метра од него се наоѓаше еден од најубавите и најсовремени булевари во нашата држава, реконструиран за време на актуелната локална власт предводена од СДСМ. Првиот човек на најбогатата партија во Европа, без срам и перде зборуваше и за изградба на спортски објекти, а притоа самиот помина покрај целосно реновираниот Градски фудбалски стадион „Гоце Делчев“, кого неговите сопартијци го оставија уништен и руиниран, на рамниште на ливада. Почитувани, Жална и губитничка беше синоќешната атмосфера на овој плоштад. Бидејќи, кога лидерот на една партија не го знае името и презимето на човекот кого дошол да го промовира како свој кандидат за градоначалник на Прилеп, во најмала рака значи негово понижување и девалвирање. Меѓутоа, тоа е најјасната порака која Мицкоски на директен начин им ја соопшти на своите сопартијци, но и на сите граѓани на Прилеп: дека дури и нему му е јасен исходот од претстојните локални избори. Дека на октомвриските избори СДСМ ќе извојува уште една победа, дека локалната власт во Прилеп и во следните 4 години останува во рацете на СДСМ и коалициските партнери!„-соопшти Попоски, од ОО СДСМ ПРИЛЕП

Би можело да ве интересира

ОО на СДСМ Прилеп – Лукароска на местото на Пачешкоски

Пела Редакција

Смилеска апелира: Да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, ова е време на сериозни предизвици!

Гордана Цветаноска

Заев од Прилеп: Ќе имаме претседател со кого ќе можам да работам

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе