7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Возовите тргнаа, штрајкот прекинат

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран.

Вчера во 16 часот, машиновозачите не се качија во локомотивите и ги оставија возовите на станиците, барајќи да им се исплати неисплатениот дел од јунската плата.

Откако, денес им беше исплатен остатокот за јуни, штрајкот беше прекинат, но синдикалните преставници велат дека пак ќе прекинат со работа, ако до 25август не ја добијат јулската плата.

Машинскиот персонал во ЖРСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинавa.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал почна вчера во 16 часот со целосна блокада на патничкиот и товарниот сообраќаj.

Би можело да ве интересира

Крушево повторно ја активира акцијата за донирање компутери

Елизабета Филипоска

Дали ќе се направи игран филм за Ченто?!

Елизабета Филипоска

Пазарџиите револтирани на „дивите„ продавачи бараат локалната власт да го реши проблемот или нема да плаќаат даноци и закуп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе