11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Општинскиот кризен штаб заседаваше, активни 2 пожари во прилепско

Состојбата со пожарите беше причина вечерва општинскиот кризен штаб да одржи вонреден состанок. Во општина Прилеп се активни два пожари. Општинскиот кризен штаб беше повикан на барање на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

„Да напоменам дека во текот на вчерашниот и денешниот ден изгаснат е пожарот на потег Канатларци – Подмол, а додека пожарот кој почна на 2-ри август на потегот  Топлица – Ракле – Никодин се уште е активен. Денеска во попладневните часови се зголемија трите краци, едниот крак оди кон населеното место Никодин, вториот крак се движи од Ракле кон  запад  и третиот од Топлица кон магистралниот пат  Прилеп – Градско. На денешниот кризен штаб се договоривме дека рано наутро,  30 припадници на Армијата, 16 претставници од Македонски шуми и ТППЕ да се упатат на местото на настанот се со цел да се укаже помош. Јавните комунални претпријатија исто така се мобилизирани и ќе бидат на повик доколку е потребно засилување“, посочи градоначалникот Јованоски.

Градоначалникот Јованоски потенцираше дека е во постојана комуникација со Центарот за управување со кризи, командирите на ТППЕ и Армијата, како и со директорите на јавните комунални претпријатија.

Би можело да ве интересира

„Утре можеш да бидеш и ти“ – протест на прилепските велосипедисти

Пела Редакција

Градоначалникот свикува итна седница поради зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 , денеска 15 нови случаи

Елизабета Филипоска

Прилеп подготвен за седмиот Меѓународен џез фестивал

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе