Во последните 24 часа се направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу има во Скопје 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, додека во Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6. Според информацијата од Министерството за здравство во Центарот за јавно здравје Прилеп биле направени вкупно 36 тестови за изминатото деноноќие. Досега во Прилеп се регистрирани вкупно 8365, а активни случаи се 34.
Пријавени се 6 починати лица: по 2 починати лица од Скопје и Тетово , по едно починато лице од Гостивар и Битола . Сите починати лица се починати во болнички услови.