7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Сеуште се трага по затворникот кој избега од прилепскиот затвор

Полицијата сеуште е во потрага по 36 годишен затвореник од Гостивар, осуден на 20 години строг затвор поради извршени тешки кражби, кој спктакуларно, во неделата, избега од прилепскиот затвор. Според информациите од СВР Битола, по него е распишана потерница, а директорот на затворот на Прилеп посочи дека не сака да шпекулира со информации и дека случајот го презема МВР и полицијата.

Случката со бегалецот од прилепскиот затвор се случи при посета на затвореникот од страна на неговите најблиски, мајка и сопруга. Но, во текот на попладневната посета, без никој да го забележи, тој избегал од затворот, а во посебните простории за средби со најблиските, останале само двете жени. Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема. Веднаш е аламирмирана затворската управа и полицијата, при што започната е потрага по затвореникот. Неговата сопруга и неговата мајка се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор. Бегството не го забележале ниту од безбедносните камери, ниту од затворската полиција.

По овој случај, најавени се дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворските простории.

Би можело да ве интересира

Крушевчанец, а и прилепчанец нападнале полициски службеници

Пела Редакција

За не почитување на сообраќајните правила и прописи казнети 110 возачи – 85 возеле побрзо од дозволеното

Пела Редакција

Се запали автобус на патот Охрид- Кичево -сообраќајот се одвива по една лента

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе