11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Колку полошо може да биде во Еурокомпозит?!

Ескалира состојбата во Еурокомпозит. Денеска вработените го блокираа влезот на фабриката и продолжуваат со генералниот штрајк. Постојаните недоразбирања со менаџметот, и отсуството на соработка со синдикалната организација – резултира со 10 отказни решенија по одлуката на синдикалците да стапат во генерален штрајк. Од синдикатот велат дека од вкупно 11 члена во организацијата 10 мина добиле суспензија од работа.
– Бидејќи во дадениот рок Владата не го смени раководството на „Еурокомпозит“, како последен услов за непречено работење во фабриката, во текот на вчерашниот ден ја донесовме одлуката за активирање на штрајкот. Тоа го разбра раководството и веднаш ги напишаа отказните решенија и суспензиите за 10 од 11 членови на синдикалната организација. Потоа заминаа од фабриката, а правниците со големо обезбедување ни ги врачија решенијата. Беше повикана и полицијата. Имаше и инцидент зашто се собра поголема група изреволтирани работници. Имаше и закани до вработените да се вратат на работните места, а на нас како синдикат ни беше порачано дека не не почитуваат. Затоа, најбрзо бараме Владата да го смени раководството и да реши: сака да остане тоа раководство без да работи фабриката или да го смени, па да се вратиме на работните места, изјави претседателот на синдикатот Роберт Богданоски.
Од лошо – полошо, коментираат вработените кои утринава беа во голем број пред влезната капија на фабриката. Од 260 работници 90 отсто кои се на возраст од 55 до 60 години, а велат дека со отказните решенија се прави притисок да ги замолчат и да не ги бараат своите права, исплата на заостанати 16 плати и придонеси за пензиско за последниве 6 години.
-На крајот на јануари имавме договор со него да ни исплати плата. Не исплати и моравме да прогласиме штрајк. Сега се случува истото, како тој намерно да врши притисок врз нас да носиме одлуки за штрајк. Ќе штрајкуваме, што ни остануваме друго освен да блокираме улици и да одиме Скопје. Што можеме да правиме со неисплатени 15-16 плати, со 6 години неплатени доприноси… што можеме да правиме. Да работиме за без пари? Баравме бруто плата, каде е таа бруто плата? За 6 месеци се согласивме да се решава во пакет, ништо нема од тоа. Овие се пакетите, со отказни решенија“, истакна Трајко Илиоски, вработен во „Еурокомпозит“.
Последната одлука работниците ја коментираат како нешто невидено досега.
„Ова е најголем преседан кон синдикатот што се случува. Најголем преседан во државата, синдикатот да добива отказни решенија. Ова во ваква правна држава, како што ја декларираме нашава, и ова да ни се случи… нагласувам повеќе пати ова е најголем преседан, ова не смее да се случи“, вели Илија Талески, вработен во „Еурокомпозит“.
Тие прашуваат до кога со оваа голгота со која се соочуваат, бидејќи секоја Влада продолжува со истите постапки кон нив.
„ До овој револт дојде, дека ние за тоа што не сме работеле, не ни следувале пари, плата, и заради тоа настана тој револт. А дали откако тој е дојден има донесено работа за 1 денар во фабрикава? И уште се заканува дека не ни следуваат плати. А колку има земено, тоа е друго прашање. Нека каже дека има донесено барем еден денар работа. А колку има изнесено само тој знае. И револтот, тие свесно го прават револтот, за да испадни вината кај вработените, дека ние вработените, како што не нарече претходно господинот Додовски, сме вагабонти, неработници. Испаѓа дека тоа си продолжува во континуитет, неработници и вагабонти. И оваа Влада истото го прифаќа, секоја Влада продолжува со истата песна, а ние сме секогаш оштетени“, рече Борко Томески, вработен во „Еурокомпозит“.
за генералниот директор Кузески синдикалното раководство и генералниот штрајк не е легитимен.
– Вчера беа поделени налози за суспензија на 10 вработени, кои во контитуитет ги кршат работниот ред и дисциплината. Од 10-те, осуммина се членови на синдикатот, но тоа нема никаква врска со притисок. Дисциплинската комисија ги подели налозите за суспензија. Во ситуација на револт, физички и вербално беа нападнати членовите на комисијата, а Богданоски лично физички нападна еден од членовите. Креираа ситуација на хаос и донесоа наводна одлука за штрајк, но веќе не се легитимни и легални претставници на вработените. Тоа е архивирано и документирано. Не ги потпишаа налозите за суспензија и ги носат луѓето во заблуда. Суспендираните треба да бидат отстранети од кругот на фабриката. Самоволно поставиле катанец на влезот на фабриката за што беше повикана полицијата. Од изутрината тие не ги пуштаа вработените на работните места, па затоа на обезбедувањето му е наложено да ја извести полицијата, изјави Кузески за „МИА“.
Работниците од понеделник, како што денеска најавија продолжуваат со протести, блокада на улиците и регионалните патишта, а планираат повторно да протестираат пред Владата до остварување на своите права.

Би можело да ве интересира

За Дедо Мраз нема препреки – донесе радост и во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти-нов концерт во храмот „Св. Петка“

Пела Редакција

Eфективна практична настава и подобри услови во СОУ „Орде Чопела“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе