ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Новаци

687

Во градоначалничкиот кабинет на Општина Новаци денеска официјално беше извршено примопредавањето на функцијата градоначалник на оваа локална самоуправа, помеѓу досегашниот градоначалник Лазар Котевски и новоизбраниот Љубе Кузманоски.

Котевски , неговиот наследник Кузманоски го запозна со работата на Општината, тековните активности и проекти.

Новиот градоначалник пак вети дека општината ќе продолжи да се развива со несмалено темпо како и досега со реализација на веќе започнатите проекти, но и отпочнување на нови за доброто на населението на општина Новаци.

„Општината ќе биде сервис на жителите. Секој кој има било каква потреба или услуга од Општина Новаци, ќе биде навремено и правилно услужен . Досегашниот градоначалник ме запозна со тековните активности на општината, започнатите проекти, но и новите кои за скоро треба да започнат. Во скоро време ќе започнеме да ги реализираме и проектите кои беа на страниците на мојата изборна програма како на пример враќање во функција на месните заедници .Исто така новиот буџет ќе го планирам во согласност со потребите на месното население за што во најскоро време ќе остварам средби со нив со цел да ги ислушам. “ рече Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци.

По победата во вториот круг од локалните избори Љубе Кузманоски и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Новаци од досегашниот Лазар Котевски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: