1.4 C
Прилеп
сабота, 16 ноември, 2024
Пела Радио

Безбедноста на учениците во гимназијата Мирче Ацев на прво место

Учениците во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ не ја започнаа наставата со физичко присусто од 1 септември , туку учат онлајн, од дома. Причината не е состојбата со коронавирусот во Прилеп, туку реконструкцијата на гимназиската зграда која не е завршена поради тендерските процедури.

Советниците на денешната седница разгледувајќи ги точките поврзани со усвојување на годишните програми на прилепските основни и средни училишта, побараа одговор од директорот на Гимназијата за тоа – зошто учениците од гимназијата Мирче Ацев не ја следат наставата со физичко присуство?! Зошто градежните работи кои се обавуваат во гимназијата не се направиле навремено, во периодот кога учениците биле на распуст?!

Директорот од говорницата на Советот на Општина Прилеп објасни дека тоа е направено од  безбедносни причини – зградата на гимназијата темелно се реновира и нема услови за безбедност на децата, рече тој. Реконструкцијата на објектот требаше да започне во март, но тендерот бил оспорен од друга, прилепска фирма која конкурирала, така што градежните работи, наместо да започнат во април, отпочнале на почетокот на август. Според обемот на работите, нема многу изгледи реконструкцијата да заврши за два месеца. Но, дали учениците да седнат во училишните клупи при ваква состојба на објектот, тој посочил дека е побарана согласност од Советот на родители и наставници. „Доколку градежните активности се пролонгираат, повторно таа согласност би била побарана, зашто безбедноста на учениците ни е најважна“- објасни тој пред советниците.

Инвеститор за реконструкцијата на гимназиската зграда е Министерството за образование и наука. Инвестицијата е вредна 400.000 евра.  Се реконструира фасадата, се променува  дограмата, се реновираат подрумските простории, се гради лифт и санитарни јазли за ученици со посебни потреби .

Би можело да ве интересира

Талевски и Стевананџија: Македонија созреа во демократијата – изборниот процес во Прилеп се одвива во фер и демократски избори

Пела Редакција

Синдикалната минимална кошница за јануари 2024 година 57 163 денари

Пела Редакција

Нелегална трговија со отпад на 4 локации во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе