7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Ќе го решаваме проблемот со згрижување на децата од претшколска возраст

Проблемот со недостиг на градинки и слободни места за згрижување на  децата од претшколска возраст, беше тема на денешната прес конференција на  д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ. “Сегашната актуелна власт, за жал со неградењето на ниту една градинка, лошо се справи со решавањето на простор за сместување на деца од претшколска возраст.

Единствено што направија ја пуштија во употреба градинката во состав на ОУ ,,Рампо Левката’’ која ВМРО- ДПМНЕ им ја остави подготвена.

ВМРО – ДПМНЕ исто така, во свое време создаде подобри услови и за децата на жителите во руралните средини, со тоа што отвори групи за престој на деца од предучилишна возраст во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари. За жал, денес овие групи не функционираат. Затворени се благодарение на неспособноста на СДСМ и децата од руралните средини се обесправени и осакатени во предучилишниот развој.

Иако многу ветуваа, ветувањата останаа празно слово на хартија. Во последниов период, да не речам 1 месец пред избори, сведоци сме на некакво придвижување поврзано со изградбата на градинката во населба на Точила, но како и многу други проекти на СДСМ, изградбата застана уште на самиот почеток.

Затоа, ја анализиравме детално ситуацијата и во нашата програма внесовме реални и издржливи проекти за детски градинки со вкупен капацитет од 500 деца.

Моите предлози и решенија како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овој навистина голем проблем, се следниве:

-Прво, изградба на нова детска градинка, во населба Кузман 2 и доизградба на започнатата градинка во населба Точила, за која 133 милиони денари се издвоени од Вашите џебови,

-Второ, што е и економски поисплатливо и порационално е адаптација и пренамена на дел од училишните простории на основните училишта. Планираме дел од објектите да се пренаменат за згрижување на деца од предучилишна возраст и тоа ќе го започнеме од ОУ ,,Кочо Рацин’’,

-Трето, рестартирање на градинките во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари.

Исто така, во комуникација со жителите од Сточен Пазар, доколку е потребно и пренамена и пуштање во употреба на училиштето кое во време на СДСМ беше запрено.

Со овие неколку проекти, повеќе од сигурни сме дека на граѓаните ќе им се олесни секојдневното функционирање, затоа што порелаксирано ќе ги извршуваат своите работни обврски. а децата ќе напредуваат и ќе се социјализираат, рече д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

 

 

https://fb.watch/8o12clS4Zs/

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Николоски: Предвидуваме проект „Енергетски ефикасен Прилеп“

Гордана Цветаноска

Талески смета дека Јовчески води кукавичка кампања

Елизабета Филипоска

Ристески: Кога се работи за Еурокомпозит, Сугаревски, Јовановски, Анѓушев и Заев се истите тие ликови кои во очи ги гледале и ги лажеле овие луѓе

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе