Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа при направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи со Ковид-19 од кои најмногу во Скопје – 108, Куманово – 12, а во Прилеп – 9, во останатите градови бројот е помал. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од кои по две од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од кои во Прилеп – 13.