7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„ОБВИВКИ“- прва самостојна изложба на прилепчанецот Филип Цакоски

Вечерва, во Скопје, во Домот на културата „Кочо Рацин“, првата изложба ќе ја има младиот прилепски уметник Филип Цакоски. Изложбата „Обвивки“ е социолошка анализа или едноставно „согледување“ на човекот како емотивно битие, во речиси меланхоличен свет. Истражување на видливото и површното во едно општество преточено во девет стилизирани фигуративни скулптури.

Филип Цакоски (1998 од  Прилеп, Република Македонија е дипломиран вајар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, отсек вајарство, модул сценографија, во класа на проф. м-р Жарко Башески.

Член на ДЛУМ од 2020 година, учесник на повеќе групни изложби и настани, во и надвор од државата.

Изложбата ќе ја отвори поетот Филип Димкоски и ќе зборува за авторот и  за делата.

Би можело да ве интересира

Во прилепскиот театар премиера на претставата „Круг“

Гордана Цветаноска

„Полска полица“ во Градската библиотека во Прилеп

Октет Прилеп вечерва ќе одржи годишен концерт

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе