7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар

Стоби флипс во категорија флипсови и Брилијант во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според потрошувачите 2021-ва”.Според истражувањето Стоби флипс на Витаминка, го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категорија и предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово масло доминантното учество наспроти другите брендови е на Брилијант со 53% препознатливост.

Со одговарање на прашањето кој според нив е најпознатиот бренд во одредена категоријата, потрошувачите можеа да одговорат за сите брендови присутни во малопродажбата и маркетите.

Истражувањето на македонскиот пазар како независно е спроведено од специјализираната агенција за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, на репрезентативен примерок од 1250 активни потрошувачи на територијата на целата држава и со фокус на 18 категории производи за широка потрошувачка. Освен за препознатливоста на брендовите, Инсајдер ИД веќе пет години по ред спроведува истражување и за преферираните ланци на маркети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Автобуската станица Прилеп започна превоз на патници со електрични мини буси

Пела Редакција

Нови, повисоки цени на горивата

Пела Редакција

(ВИДЕО)Земјоделците ги очекува уште една тешка година, треба навреме да го заштитат производството

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе