7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Исплата на анти ковид пакетот за тутунарите

Владата деновиве ќе исплати 300 милиони денари поддршка на 19.060 тутунари во рамки на пакетот за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19.

Како што информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, секој тутунар ќе добие по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун од втора класа, како и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

– На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари, со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува две милијарди денари, рече тој.

На ваков начин, според Арсовски, се дава придонес за благосостојбата на голем број граѓани, чие производство на тутун е една од главните земјоделски и економски гранки кои имаат важно учество во бруто домашниот производ.

Извор :МИА

Би можело да ве интересира

Крушево домаќин на светската змејарска елита

Гордана Цветаноска

Железничкиот премин го блокира патничкиот сообраќај во Прилеп

Почит кон своите претци и историјата – Средношколци од Германија во акција за уредување на германските гробишта во Прилеп и Битола

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе