7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ССК: Не сме за задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор

  • Сојуз на стопански комори ја информира јавноста преку соопштение во  врска со новите ќошрестриктивни мерки :

Заштитата на здравјето на граѓаните е највисок приоритет во услови на пандемија и тоа може да се постигне со сеопфатни, интегрирани и добро испланирани мерки како и со континуирано унапредување на квалитетот на здравствената заштита.

Сојузот на стопански комори речиси овие две години од почетокот на пандемијата дава активен продонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување се со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици во економијата.

Во таа насока сакаме да истакнеме дека изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна е лично право на избор и не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови на вакцини и релевантни информации за нивната безбедност.

Во таа насока Созујот останува отворен за понатамошна соработка и ќе продолжи да дава поддршка за мерките кои сметаме дека ќе дадат ефект, се вели во соопштението на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Би можело да ве интересира

„Училишта од 21 век“ меѓу кои и три прилепски

Гордана Цветаноска

Помош за Прилеп од збратимениот кинески град Дејанг

Елизабета Филипоска

Крушево – град на културата за 2023 година

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе