8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Зачестуваат физичките напади и семејното насилство

На 05.12.2021 во ОВР Прилеп, Г.П. од Прилеп пријавил дека на ул.„Козара“ во Прилеп бил физички нападнат од едно лице, кое употребило остар предмет. Истиот ден, во ОВР Прилеп, женско лице од Прилеп пријавило дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп физички било нападнато од поранешниот сопруг Т.К.

И уште два физички напади биле пријавени на о5 ти декември: во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т. од една страна и Д.Т и Д.Т., од друга страна; а во Полициското одделение Ропотово, 29- годишна жена од Србија, со привремен престој во Прилеп, пријавила дека во Прилеп била физички нападната од И.М. од с.Црнилиште.

Од СВР Битола информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаевите.

Би можело да ве интересира

Четворицата осомничени за напад на вработени во прилепската болница добија 30 дневен притвор

Елизабета Филипоска

Мотоциклист малолетник, тешко повреден при удар во трактор во прилепско

Гордана Цветаноска

Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе