8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Штрајкот на Еурокомпозит продолжува!

И денеска се одржа протестниот мирен марш на вработните од „Еурокомпозит“, поради незадоволството  од  неисполнување на договорените ветувања добиени на последната средба, на 24 октомври, со премиерот Зоран Заев и претставници од гранковиот синдикат на ССМ. Вработение на „Еурокомпозит“ повторно ги искажаа своите барања: исплата на една плата и реализирање на програма за технолошки вишок.

Овој пат, тие еден час, го блокираа, кружниот тек кај споменикот „Карпалак“, при што возилата беа пренасочувани. Тие најавија дека и утре ќе продолжат со протестот, кој ќе трае се додека не им биде исполнети барањата.

Вчера, тие имаа средба и со прилепскиот градоначалник, кој им вети дека ќе се заложи да изврши притисок до Владата, нивните барања да бидат исполнети.

Случувањата со  Еурокомпозит е од интерес на градот, бидејќи на над 260 прилепски  семејства им зависи егзистенцијата,  па затоа со внимание ќе ги следиме сите случувања како и досега.

Би можело да ве интересира

Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Пела Редакција

Прилепскиот Комбинат минатата година ја завршил со добивка

Гордана Цветаноска

Солидарност за Денот на тутунските работници во Комбинатот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе